Петличовски: Состојбата со големата кашлица е под контрола, но не е стабилна

Расте бројот на заразени лица со голема кашлица. По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски кажа дека состојбата со големата кашлица е под контрола, но не е стабилна, бидејќи се уште има пораст на потврдени случаи.

– До денеска се потврдени вкупно 56 случаи. Од нив 14 се деца под една година, а 9 дополнително се на возраст од 1-4 години. Од вкупниот број 16 се невакцинирани, 12 се некомплетно вакцинирани. Сега се појавуваат адолесценти, деца на возраст од 10 до 14 години и повозрасни и веројатно во текот на следните недели ќе има промена на демографската структура на позитивните случаи, очекуваме кај повозрасните да се потврдува почесто оваа болест, кажаПетличковски.

Тој потенцираше дека најголемата грижа е спречување на ширење на инфекцијата кај малите деца, оти тие се најризични.

Останува препораката за надополнување на пропуштените вакцинални дози. Од 18 јанури до 14 февруари, вкупно се вакцинирани над 13 илјади деца.

Од 56 потврдени случаи, 46 се од Скопје, а има и во Тетово, Куманово и Гостивар.

Претходна вестПораст на насилството: Во Франција најмногу агресија, Македонија на 13-то место
Следна вестМакедонската ракометна репрезентација на 19. место на најновата ранг-листа на ЕХВ