Петмина приведени за вчерашниот протест во Мала Речица

Пет лица се приведени за вчерашните протести во Мала Речица по пожарот во тетовската модуларна болница во кој загинаа 14 лица.

Како што соопшти тетовската полиција, три лица се приведени вчера – 52-годишник од Тетово и 31-годишник од Кичево и 33-годишник од Мала Речица.

-Денес претпладне се лишени уште две лица В.А (роден 1988) и А.Ш (1991) двајцата од Тетово. Петте лица се задржани во полициската станица во Тетово. Се документира случајот и во координација и консулатација со Јавен обвинител се изготвува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Тие се приведени поради учество во вчерашниот настан во Мала Речица кога група луѓе се обидоа насилно да поминат преку полициски кордон за да стигнат до седиштето на политичката партија ДУИ.  Притоа фрлаа со јајца и кон зградата на општината и кон полицијата.

Инцидентот следуваше по протестниот марш од плоштадот до општината со кој се побара одговорност за 14 лица кои ги загубија животите во пожарот во модуларната болница. Група млади лица го продолжи маршот кон Мала Речица при што насилно се обидоа да го поминат полицискиот кордон. Притоа повредени беа четворица полициски службеници.

Претходна вестЖител на Љубин крадел графички картички и струја
Следна вестВардар ги пушти билетите за натпреварот со Мешков Брест – влез само со сертификат