Пет лица се убиени денеска во Домот за стари и изнемоштени лица во Дарувар, Хрватска, јавува мојпортал.хр.
Според првичните сознанија, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето. Пет лица загинаа на лице место, а некои се уште се на лекување. Убиецот потоа побегнал, но полицијата набрзо го фатила во близина на кафуле во Дарувар.
Сирените на сите можни служби за итна помош ѕвонат во градот Дарувар.
Инаку, Дарувар се наоѓа во Бјеловарско-билогорската жупанија. Оддалечен е 125 км од главниот град Загреб и околу 130 км од Осиек. Сместен е во западниот дел на Славонија. Според пописот од 2011 година во градот заедно со приградските населби живееле 11.633 жители, а во самиот град живееле 8.567 жители.