Контролите на сообраќајната полиција направени во изминатово деноноќе покажаа поразителни резултати во однос на непочитувањето на ограничувањето на брзината на возењето.
-На територијата на град Скопје изречени се вкупно 148 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, соопшти денеска МВР.
Имало и пет санкции за возење без возачка дозвола и шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.
-Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, седум за минување на затворен сигнал (црвено светло), 48 санкции за непрописно паркирање, се наведува во информацијата.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.