Со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28 мај на министерката за одбрана, Славјанка Петровска и заврши функцијата, соопшти денеска Министерството за одбрана.
– Почитувани Министерството за одбрана Ве известува дека со верификацијата на пратеничкиот мандат на 28.05 на министерката за одбрана Славјанка Петровска и заврши функцијата. До изборот на нов министер, со Министерството за одбрана во полн капацитет ќе раководи заменик министерот Тирон Јајага, се наведува во соопштението на МО.