ПМФЛ: Шкупи гостува на Силекс, Работнички ја пречекува Брегалница

Четири натпревари денеска се на програмата во ПМФЛ. Шампионот на Македонија Шкупи гостува кај Силекс во Кратово во еден од четирите планирани натревари од денешната програма.

Шкупи е најефикасниот тим сезонава во ПМФЛ со 36 голови, додека Силекс постигна 21 гол во прволигашката конкуренција.

Шкендија по поразот во првото коло од вториот дел од сезоната ја пречекува Победа, додека Работнички е домаќин на Брегалница.

Скопје ќе бара бодови против незгодниот Тиквеш, а сите средби започнуваат од 14 часот.

САБОТА:

Струга ТЛ – Македонија ЃП 0-0

НЕДЕЛА

Силекс -Шкупи

Шкендија -Победа

Работнички – Брегалница

Скопје -Тиквеш

Претходна вестДржавниот врв ќе ја одбележи 19-годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски
Следна вестТешка сообраќајна несреќа во Хрватска: Се преврте автобус, има и жртви