По 24 пат накитена новогодишната елка во водите на Охридското Езеро

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид со поддршка на волонтерите на охридскиот Црвен крст денеска по 24-ти пат ја накитија новогодишната елка во водите на Охридското Езеро.

Традиционално и овојпат украсената елка блесна во езерските води кај Музејот на коските, каде ќе можат да ја видат сите гости што ќе го посетат Музејот за новогодишните и Божикните празници.

Како и секоја и оваа новогодишна елка нуркачите од „Амфора“ им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.

Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат до крајот на јануари.

Претходна вестПатот за Галичник се уште неисчистен и непрооден
Следна вестТошковски: Добро е што ДУИ се огради од „бегалецот од правдата“, ги охрабрувам и во иднина да го сторат истото