По 248 часа од разорниот земјотрес спасена 17-годишна девојка

Спасувачките екипи ја спасија успеа да ја извлчат 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Турција, јави агенцијата Анадолија.

Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупана под урнатините на зграда во подрачјето на Дукадироглу. По нејзиното лоцирање, спасувачите успеаја жива да ја извлечат 17-годишната Олмез која потоа е пренесена во болница.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во провинцијата Кахраманмараш, погодија 11 провинции, уништени се илјадници згради и погодени се повеќе од 13 милиони луѓе. Најмалку 36.187 луѓе загинаа во двата силни земјотреса што ја потресоа јужна Турција на 6 февруари.

Претходна вестАрсовска ќе го раскинува договорот за поставување на светлечки билборди
Следна вестОграбена жена на Зелено пазарче, украден накит