По 25 години набавени се нови, 15 комплетно опремени камиони и 3 машини за утоварање на ризла и сол за потребите на Јавното претпријатие за одржување на магистралните и регионални патишта.
За ова Владата на Јавното претпријатие за одржување на магистралните патишта му додели 180 милиони денари.
Набавени се 15 нови комплетно опремени камиони со снежен плуг и соларка, како и 3 нови утоварни машини.
Директорот на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патишта, Беким Мемеди, соопшти дека набавени се и 11 илјади тони индустриска сол и 8 илјади кубици ризла за тековното зимско одржување на патиштата.