По 4 четири часа потрага пронајдени загубените планинари на Кожуф

Двајца планинари кои вчера вечер биле пронајдени откако се загубиле на планината Кожуф се во добра здравствена состојба, соопшти денеска МВР. Полицијата соопшти дека тие биле пронајдени околу 22 часот, четири ипол часа подоцна откако било дојавено дека се загубени.

Во потрагата учествувале полициски службеници, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата.

-Вчера околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф, информира МВР.

Претходна вест11 возачи поминале на црвено светло, 16 возеле и зборувале по телефон…
Следна вестНе забораваат да натопорат и по некое маженце