По 47 дена интензивна нега на ГАК, Мила вчера си замина дома

Во стабилна состојба и со телесна тежина од 2320 грама дома си замина уште едно предвреме родено бебе, информираат од Клиниката за гинекологија и акушерство. Станува збор за Мила Атанасова.

– После 48 дена поминати на одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), нашата Мила Атанасова, која заедно со докторите и со сестрите ги надмина сите препреки, како здраво бебе, на наша огромна радост, ја испративме од Клиниката за гинекологија. Мила е родена во 27 гестациска недела, со тежина од само 1260 грама. И посакуваме да биде иста како што е и значењето на нејзиното име и да се бори низ животот со истиот жар што го покажа уште од првиот миг од своето раѓање, во текот на овој еден и пол месец поминат на ОИНТ. На мама и тато да им носи само убави моменти и радости, велат од ГАК.

Претходна вестКако го замислува Арсовска најавениот Брз автобуски превоз во Скопје?
Следна вест„НаТочак“ реагира: Велосипедската патека на улицата „Васко Карангелески“ е под секое ниво, како рачно тапкана со лопата…