По 6.000 денари ќе добива секое новороденче во Гостивар

Со 20 гласа „за“, денес Советот на Општина Гостивар усвои одлуказа за доделување 6.000 денари за новороденчињата во Гостивар.

Оваа одлука на Советот на Општина Гостивар е по предлог на градоначалникот, Валбон Лимани, кој лично ја предложи на последната седница на Советот, а ја најави неколку дена порано.

Од Општината сметаат дека оваа финансиска поддршка за семејствата со новороденчиња може да ги олесни почетните трошоци и ја покажува посветеноста на Општината кон социјалната политика и семејствата.

Претходна вестПриведен криминалец од Грчец баран со потерница
Следна вестТројца македонски доктори од Европа размислуваат да се вратат во земјава, рече Таравари