По Берово, сега шумски пожар и кај Галичник

Шумски пожар избувнал над легендарното село Галичник. Според кажувањата преку социјалните мрежи, од страна на викендаши, пламенот зафатил борова шума.

Огнот брзо се ширел поради силниот ветер и топлото време. Се очекувала реакција од противпожарните единици и засега не се знае причината на пожарот.

За жал овој ова е веќе втор шумски пожар за продолжениот викенд. Гореше и борова шума кај беровското езеро, за кој се претпоставува дека е предизвикан од човечки фактор.

 

Претходна вестВо болниците од коронавирус се лекуваат 1.102 пациенти
Следна вестОсумнаесетгодишно момче загина во сообраќајна несреќа