Успешно изгаснат силен пожар. Имено, и вториот пожар во Општина Кавадарци – реонот кај Тиквешкото Езеро каде што вчера пожарникарите интервенираа во два наврата – во 17:30 и во 21:30 часот, е локализиран утрово во 04.00 часот.
Од ЦУК информираа дека пожарот беснеел во текот на целата вечер, а го гаснеле пожарникарите од ТППЕ Кавадарци и тимот на подружницата „Бор“ на ЈП „Национални шуми“.
Се наведува дека во моментот нема потреба од ангажирање на хеликоптери, иако во текот на гасењето била во опција и барањето за ангажирање воздухоплови заради сериозноста на пожарот и заради непристапниот терен.
Инаку, вчера попладне, во 17:30 часот, беше добиена првата пријава за шумски пожар кај с. Брушани. каде што горела нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари. Во гаснењето на пожарот интервенирале 6 пожарникари со 2 ПП возила од ТППЕ Кавадарци, 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот на таа локација е изгаснат во 19:00 часот.
Но, потоа, во 21:30 часот, добиена е дојава дека повторно кај с. Брушино, само на различно место од претходното најверојатно е препален пожарот покрај Тиквешкото езеро, Општина Кавадарци. Интервенираат 8 пожарникари со 2 ПП возило и една екипа од ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ од Кавадарци. Пожарот се простирал на непристапен терен и горела смрека, додава ЦУК.