Во текот на утрото на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје пристигна дојава за поставена експлозивна направа. Заканите се примени во 9 часот наутро по што веднаш се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите.
– Веднаш по добиените пријави, полициски службеници презедоа соодветни мерки за евакуација на вработените и учениците и во тек се антитерористички проверки, а воедно се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.
Инаку, со цел да се задржи континуитетот на наставата и учениците да не губат голем дел од часовите поради честите дојави за бомби, донесена е нова одлука од Министерството за образование и наука во која се наведува дека учениците имаат еден час да дојдат до дома и наставата да ја продолжат онлајн.