Home ПЕНАЛ По две години пауза продолжија Училишните спортски игри

По две години пауза продолжија Училишните спортски игри

0
По две години пауза продолжија Училишните спортски игри

По двегодишна пауза поради пандемијата со ковид 19, од оваа година продолжија Училишните спортски игри во 8-те основни училишта во општината, кои се натпреваруваат во 4 спортови: кошарка, ракомет, фудбал и одбојка за девојчиња.

-Верувам дека со голема возбуда чекате да започнете со спортската борба и да дадете се од себе за на крајот на годината бидете победници или најдобри стрелци и играчи во сите 4 спортови. Од годинава, во спортските лиги ни се приклучуваат и учениците од новото основно училиште, „Киро Глигоров“, кои веќе ја добија својата соодветна спортска опрема и се подготвени рамо до рамо да се натпреваруваат со останатите ученици“, изјави на отворањето градоначалникот на Центар Горан Герасимовски.

Училишните спортски игри се одржуваат во ООУ „11 Октомври“.