Два земјотреси рано утринава повторно ги вознемирија жителите на Штип и околина. Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека во епицентралното подрачје на Свети Николе – Штип, се регистрирани два земјотреси со Рихтерови локални магнитуди од МЛ3.0 и МЛ2.1 степени.
-Првиот потрес се случи во 03:24 часот, а второиот во 04:11 часот. Епицентарот на потресите е лоциран на 70 километри југоисточно од Скопје, се наведува во информацијата.
.Сеизмолошката опсерваторија потврди дека населението во Штип и околните населени места ги почувствувале потресите.
Ова се нови земјотреси коишто се случуваат само две недели по оние кои беа забележани на 30 март. Тогаш, во речиси истото подрачје беше регистриран земјотрес со со Рихтерова локална магнитуда МЛ2.5 и интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала, а бил почувствуван од населението во Штип и околината.