Свадба со околу 200 гости била синоќа прекината по интервенцијата на полицијата синоќа во скопско Арачиново. Според неофицијалните информации веселбата се одржувала во еден угостителски објект во оваа населба. Прекинот на свадбата поминал без инциденти.
По прекинот на свадбената веселба со околу 250 гости во скопско село Глумово на 18 октомври ова е нов случај во кој полицијата прекинува сведбени веселби на кои учествуваат многу граѓани.
Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на ковид -19 во Македонија, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави и казни.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера попладне апелираше до граѓаните за одговорно однесување во текот на продолжениот викенд.
-Влегуваме во исклучително ризична фаза во која вирусот е широко распростанет и можноста за заразување е голема. Групирањето, забавите, собиранките оставете ги за некое друго време. Има многу безбедни начини за убаво поминат викенд почитувајќи ги мерките за заштита. Сега е време да го заштитиме сопственото, а со тоа и јавното здравје, потецира Филипче.