Двајца повредени во тепачка со пукање и ножеви во Кондово

Пресметка меѓу членови од две семејства се случила синоќа во скопско село Кондово при што се повредени две лица, соопшти МВР.

Според пријавеното, во дворот од куќата сопственост на Т.Ф.(45) дошле браќата Ф.Љ. С.Љ. и Ф. Љ. и физички го нападнале сопственикот, а потоа и С.Ф.(45), Р.Ф.(21) и 15 годишен малолетник.

-Полициски службеници излегле на местото на настанот и бил пронајден нож, како и две чаури за кои Т.Ф. посочил дека биле испукани од пиштол од страна на Ф.Љ. Во 21,00 часот од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив биле донесени С.Љ. и Ф.Љ. со повреди од остар предмет. Се работи на целосно расчистување на случајот, информира полицијата.

Претходна вестНеексплодирана бомба од Втората светска војна пронајдена на нива во Кичевско
Следна вестФилипче: Правиме целосна мобилизација на здравствените работници