Темно Режим Светло Режим

По Карпош, жена-пешак тешко повредена и во Дебар Маало

Две сообраќајни незгоди во кои се тешко повредени две жени се случиле во изминативе два дена на скопското подрачје.

МВР денеска информира дека жена вчера била прегазена во Дебар Маало

-На 01.02.2024 во 13.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Ленинова“ и ул.„Наум Наумовски Борче“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.К.(50) од Скопје, удрило во пешакот В.М.(80) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.М. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.

Advertisement

Завчера, пак, била тешко повредена 68-годишна жена во Карпош.

-На 31.01.2024 во 08.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Дрезденска“ со ул.„Багдатска“ во Скопје, патничко моторно возило „џип“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(74) од Скопје, удрило во пешакот В.П.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.П. констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза, соопшти полицијата во дневниот билтен.

Случаии во кои страдале и други пешаци имаше и во изминативе недели. А сето ова треба да ги загрижи надлежните.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Традиционалната културна манифестација „Прличеви беседи“ почнува в сабота со поетски караван

Следниот Пост

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и ДУИ го уништија здравството