По пет дена пак никна дивата депонија кај амбасадата на САД

По пет дена откако неодмна беше исчистена пак се создаде дивата депонија во близина на амбасадата на САД на булеварот “Никола Карев“, попознат како „пластичарска улица“ во Скопје.

-Повторно е интервенирано и на булеварот „Никола Карев“, во непосредна близина на Амбасадата на САД, соопшти денеска ЈП „Комунална хигиена“.

Тогаш беа отстранети околу 40 кубни метри отпад и беше најавено дека на оваа локација ќе има зачестен патролен надзор. Но, тоа, очигледно не помогна да не се трупа отпадот од страна на несовесните граѓани. Се работи за крстосницата меѓу билеварот и улицата „Максут Садик“ во близина на дипломатското претставништво.

Ова градско јавно претпријатие информира дека во текот на изминатите неколку дена реализираше низа вонредни активности за подигнување и транспорт на отпад од диви депонии на повеќе локации во градот Скопје.

-Отстранети се приближно 330 кубни метри непрописно одложен кабаст, градинарски и мешан комунален отпад во близина на Арената „Борис Трајковски“ и во населбата Трнодол во скопската општина Карпош, на улиците Никола Пушкаров, Христо Батанџиев и Лука Геров во општината Ѓорче Петров, на улиците Џон Кенеди, Вуковарска и Христијан Тодоровски-Карпош во општината Чаир, како и на улиците Февруарски поход, Коста Новаковиќ, Анастас Митрев и Васко Карангелевски во општината Аеродром, соопшти претпријатието.

Отстранетите диви депонии се лоцирани околу контејнерите наменети за одлагање комунален отпад, а се создаваат во периодот кога садовите се сосема празни и отпадот може да се одложи во садовите. Градот Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје повторно апелираат да престане тенденциозното непрописно и несовесно исфрлање отпад на јавни површини што директно придонесува за загадување на животната околина и го загрозува јавното здравје.

Претходна вестОбјавена Монографија за Питу Гули од Кочо Топузоски
Следна вестМакедонија на петто место по одлив на мозоци