По подолго време оптимизам: Двајца починати и 83 нови случаи со ковид

Две лица, од Скопје на 67 години и од Кавадарци на 80 години починале во изминатите 24 часа како последица од ковид. Во последните 24 часа во Македонија се направени 2.704 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи од Скопје – 40, Прилеп – 8, Куманово и Охрид – по 6, Тетово и Радовиш – по 5, Битола – 3, Струга и Кичево – по 2, Кавадарци, Струмица, Свети Николе, Берово, Демир Хисар и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 259 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.804, бројката на оздравени пациенти е 146.302, на починати е 5.232, а бројот на активни случаи изнесува 3.270, од кои 1.312 се од Скопје.

Претходна вестНа четири локации во Карпош до сабота ќе има контејнери за кабаст отпад
Следна вестСончево со умерена облачност, температура до 27 степени