По постигнатите историски резултати Љупчо Јаневски даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски си поднесе оставка од функцијата. Од денеска тој повеќе нема да ја извршува оваа функција, информира на својот фејсбук профил.

-Сакам да се заблагодарам на туристичкиот сектор, медиумите, партнерите и меѓународните организации за соработката. Историските резултати што ги постигнавме во изминатите 5 години говорат за нашата работа. Тоа што го затекнав пред 5 години и бројките што ги оставаме денес во некој следен подолг текст. Каква држава ќе изградиме во таква држава ќе живееме. Македонија мора напред, напиша Јаневски.

Како што изјави Јаневски за МИА, оставката е поднесена од лични причини.

Инаку, тој стапи на функцијата директор во АППТ во февруари 2018 година како кадар на ДОМ.

Претходна вестДедо Мраз ќе дошол во Македонија по 8 мај, оти сега му барале мито
Следна вестАпел на македонски интелектуалци до светот: Бугарија го злоупотребува членството во ЕУ, сака да се избришат Македонците како одделен народ