По претпладневното сонце, краткотрајна попладневна нестабилност

Сончево и топло време со мала до умерена облачност во претпладневните часови најавуваат синоптичарите за скопското подрачје.

-Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Максималната темпаратура ќе достигне 26 степени, се наведува во прогнозата

Времето ќе биде променливо облачно и на подрачјето на целата земја. Претпладне понекаде со локален дожд, а попладне на места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=8

Претходна вестВо спомен на Ценевски „Кинотека“ денеска дели 100 бесплатни ДВД изданија
Следна вестУписи за средношколци: Ќе се бара место повеќе во гимназиите или во стручните училишта?