По сообраќајка поставени „легнати полицајци“ на улицата „Васко Карангелевски“ во Аеродром

Поставени се нови гумени платоа за забавување на брзината на движење на возилата на улицата „Васко Карангелевски“, соопшти денеска градското ЈП „Улици и патишта“.

До ова доаѓа по вчерашната сообраќајна незгода во која при сударот на две возила е повредена една жена. Освен ова, бројни граѓани реагираа на пропустите во изградбата и недоволната безбедност на оваа улица којашто неодамна беше реконструирана.

-Во текот на изминатиот ноќ во периодот од 22 часот до 7 часот утрово екипи на претпријатието при редовната контрола и обиколка на вертикалната сигнализација на градските сообраќајници извршија замена на оштетени сообраќајни знаци на улицата „Васко Карангелевски“ и ги поставија новите гумени платоа за забавување на брзината на движење на возилата, соопшти градското јавно претпријатие.

Освен ова, на улицата „11-ти Октомври“ беше обележана хоризонталната сигнализација на пешачките премини со ладна пластика. Обновата на сообраќајната сигнализација се извршува со цел зголемување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.

Претходна вестТренчевска: Не очекувам дека до крајот на месецов ќе се утврди минималната пензија, комплексно е прашањето
Следна вестВучиќ по средбата со шефот на НАТО: Наша работа е каде ќе ја распоредиме војската