Побарано е да згрижиме 750 авганистански цивили, тврди Османи, ќе се проверуваат преку АНБ

Досега бројката на авганистански цивили за кои е побарано згрижување кај нас е 750 лица, соопшти денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, објаснувајќи дека се работи за бројка која секогаш е во рамките на можностите коишто Владата ги проценува.

И тој повтори дека се работи за привремено згрижување тие луѓе се додека не се процесуираат нивните документи за нивната конечна дестинација.

Тој вели дека бројката постојано се менува, и посочи пример на една група која од Катар требаше да дојде во државата, меѓутоа подоцна ја смениле дестинацијата, и наместо тука, заминале во друга држава.

Министерот Спасовски рече дека во однос на статусот тие ќе имаат привремен престој од 90 дена, а еден дел од процедурата за издавање на дозвола за привремен престој е и правење безбедносна проверка преку Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Премиерот Зоран Заев денеска одговорајќи на новинарско прашање на оваа тема, рече дека вкупно 74.000 денари ќе ја чини државата згрижувањето на овие лица од Авганистан.

Претходна вестДосега се издадени 13.000 лични карти од истечените 40.000
Следна вестЖител на Крушопек одејќи по улица добил куршум во ногата – пукале во него од автомобил