ПОЦ за седум дена санкционирале 237 возила низ Центар

28

Ни казните не можат да ги спречат несовесните возачи во нивните навики да не паркираат на места каде што тоа не е дозволено. Посебен проблем е на јавните површини низ Центар каде тешко се наоѓа слободно место за паркирање и каде во голем дел од улиците паркирањето е дозволено само за резиденти.

Најновите податоци од ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ велат дека во изминатите седум дена се санкционорани 237 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Од нив, 128 биле отстранети со „пајак“, а на 109 возила, кои биле затекнати во резидентни зони, им биле поставени „блокатори“ на тркалата.

Од ЈП ПОЦ и од Општина Центар најавуваат дела континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

Претходна вестЃоковиќ го зголеми рекордот за уште една седмица како лидер на АТП-листата
Следна вестДС бара укинување на законот за легализација на производство на канабис за натамошна продажба