Почина 19. годишен играч на РК Аеродром

Трагична вест ја потресе спортската јавност во Македонија, откако утрово беше обелдоенето дека починал 19. годишен ракометар на новиот суперлигаш РК Аеродром. Станува збор за Андреј Петрески со прекар „штурче“, играч кој целата кариера ја мина во овој клуб и во новата сезона требаше да се натпреварува во елитното македонско ракометно друштво.

Тој починал во својот дом, а членовите на семејството, како и сите членови на РК Аеродром се во шок од овој трагичен настан.

Попладнево од 12:30 во капелата на гробиштата во Бутел ќе биде последниот поздрав со Андреј Петрески. Погребот, пак, ќе биде на гробиштата во Камник.

Претходна вестПредупредување до целиот свет: Подгответе се за уште поекстремни временски услови
Следна вестСрбин напикал 10 мигранти во неговото „ауди А6“, уапсен кај Прдејци