На 72-годишна возраст почина Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на групата Рибља чорба. Неодамна беше примен во болница во Љубљана со тешка пневмонија. Се лекувал со антибиотици, а по неколку дена поради влошената состојба бил ставен на респиратор.Тој долго време се бореше со тешка болест. Музичарот пред Нова година имал пневмонија, поради што го откажал концертот во Ниш.
– Докторот експресно ми забрани да вложам секакви напори бидејќи боледувам од тешко воспаление на белите дробови, па настапот би ми ја влошил здравствената состојба. Ќе ја победиме болеста и ќе се видиме во првата прилика, им порача тогаш Бора на организаторите.
Бора Ѓорѓевиќ е роден во 1952 година во Чачак. Основното училиште завршил во родниот град, а по проблеми со законот бил исфрлен од средното училиште. Неговите родители тогаш, за да се спасат од „срамот“ што им го предизвикал, решиле да се преселат во Белград. Таму Бора завршил петта гимназија и се запишал на Правниот факултет. Неговите музичкипочетоци се врзуваат за групите „Сунцокрети“ и „Рани мраз“, а во 1978 годин за оснива групата „Рибља чорба“ во која е главен вокал и автор на текстовите. Во натамошните години станува еден од најпознатите музичари на тогашната српска и југословенска рок-сцена.
За повеќе од 45 години од нивната кариера, тие снимија 20 студиски албуми и осум изданија во живо. Последниот албум „Да тебе није“ го издаде Сити рекордс. Во Словенија живеел околу десет години, каде што се оженил по трет пат.