Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Почина оперската пејачка Ирена Кавкалевска, мецосопран во Националната опера и балет (НОБ), објави нејзиното семејство. Имаше 51 година. Погребот ќе се одржи в петок, на градските гробишта во Бутел.

Добитничка на неколку награди и школувана во Македонија, Софија, Грац, Загреб, Кавкалевска дебитираше на сцената на Македонската опера и балет во 1996 со улогата на Мадалена во „Риголето“. Настапувала на многу фестивали и оперски сцени, а нејзиниот репертоар зборува за успешни креации во „Кармен“, „Аида“, „Набуко“, „Моќта на судбината“, „Сестра Анџелика“, „Јулиј Цезар во Египет“, „Севилскиот берберин“, „Лилјакот“, „Иван Сусањин“, „Цар Самоил“.

-Прераната смрт на почитуваната и драга Ирена Кавкалевска за Македонската опера и балет и воопшто, за севкупниот културен живот, претставува огромна загуба. Таа имаше и можеше да подари уште многу сценски и концертни креации, вели НОБ.

Претходна вестТројца непалци ги снемало од хотелот во Охрид каде што биле вработени
Следна вестСтудентски отпор со ултиматум: УКИМ целосно да ги укине дополнителните трошоци