Во последните 24 часа во Македонија се направени 464 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19. Ова пред малку го соопшти Министерството за здравство преку Фејсбук.
Новозаразените се во овие градови: Скопје-20, Куманово-3, Штип-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-1, Охрид-2, Гостивар-2, Крива Паланка-1, Кочани-2.
Починати се 4 лица, пациент од Виница (57г), двајца пациенти од Охрид (77г и 57г) и еден од Струга (74г). Од нив тројца се починати во, а еден вон болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 131 оздравени пациенити.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15827, бројката на оздравени пациенти е 13315, на починати е 652, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1860. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6326, активни 540
• Куманово 1605, активни 190
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1205, активни 72
• Прилеп 562, активни 133
• Тетово 1304, активни 117
• Струга 627, активни 63
• Велес 288, активни 18
• Битола 245, активни 47
• Охрид 395, активни 58
• Кавадарци 202, активни 30
• Гостивар 856, активни 93
• Гевгелија 89, активни 54 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 14 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 103, активни 44
• Крива Паланка 83, активни 38
• Радовиш 52, активни 9
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 189, активни 53
• Пробиштип 95, активни 18
• Демир Хисар 60, активни 1
• Македонски Брод 84, активни 12
• Пехчево 42, активни 27
• Берово 73, активни 30
• Валандово 11, активни 3
• Виница 94, активни 29
• Делчево 126, активни 81 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 309, активни 19
• Кичево 290, активни 29
• Ресен 153, активни 6
• Неготино 49, активни 4 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 464 теста се преку: ИЈЗ-182, ЦЈЗ Скопје-22, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина со PCR метода -113, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-10, ГАК-9, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 166.356 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 82 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 7 деца и 7 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 26 пациент. На респираторна машина се 2 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 147, позитивни и сомнителни на ковид-19.