Починаа 8 лица со ковид за 24 часа, нови заразени се 82

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени 1.211 тестирања, а регистрирани се 82 нови случаја на ковид-19: Скопје – 61, Кавадарци – 9, Гевгелија – 4, Битола и Велес – по 2, Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово – 1.

Регистрирани сe 265 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 128, Битола – 34, Крива Паланка – 14, Прилеп – 12, Валандово и Крушево – по 9, Ресен – 7, Кавадарци и Делчево – по 6, Велес, Куманово, Тетово и Штип – по 5, Неготино, Кочани и Радовиш – по 3, Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2, Кратово – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 од Скопје (56, 80 и 86) и по едно од Прилеп (72), Битола (55), Валандово (71), Македонски Брод (66) и Кичево (61). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Ваквата мала бројка на нови случаи се должи ина малиот број направени тестирања, поради тоа што вче беше недела. Според статистиката што ја испраија од МЗ, наајмногу се направени брзи тестови – 598, во ЈЗУ и ПЗУ, а од приватните лаборатрии најмногу во Никоб лаб – 206.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539, од кои 2.714 во Скопје.

 

Претходна вестИ ЈСП доби нов директор
Следна вестПоради врнежи од снег, од попладнево забрана за камиони на Плетвар