Во последните 24 часа во Македонија се направени 793 тестирања и при тоа се регистрирани 72 нови случаи на ковид-19. Ова го соопшти пред малку Министерството за здравство преку Фејсбук.
Новозаразените се во следните градови:
-Скопје 24
-Куманово 6
-Дебар 4
-Штип 3
-Прилеп 1
-Тетово 2
-Струга 9
-Велес 1
-Охрид 1
-Кавадарци 1
-Гостивар 4
-Гевгелија 3
-Крива Паланка 1
-Радовиш 1
-Кочани 3
-Пробиштип 1
-Берово 1
-Валандово 1
-Виница 1
-Делчево 3
-Свети Николе 1
Починати се 3 лица, пациентка од Струмица (44г), пациент од Гостивар (58г) веднаш по прием и еден пациент од Охрид (79г).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 54 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 160.180 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15293, бројката на оздравени пациенти е 12754, на починати е 634, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1905.