Починал кумановец откако паднал и ја удрил главата во близина на стадионот ФК Башкими

Во четвртокот, во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.

Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК Башкими на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.

Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.

По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.

 

Претходна вестМу влегле во куќа во Аеродром по полноќ, го нападнале и го ограбиле
Следна вестСо метални шипки нападнати комунални редари во Скопје