Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во Македонија. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство.
Новозаразените се во: Скопје-47, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.
Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242.