Починале 11 пациенти од вирусот – најмладиот имал 41 година, новозаразени се 100 лица

Во последните 24 часа се направени 764 тестирања, а регистрирани се 100 нови случаи на ковид-19 во Македонија. Ова пред малку го соопшти министерството за здравство.

Новозаразените се во: Скопје-47, Куманово-3, Дебар-12, Штип-1, Прилеп-4, Тетово-10, Велес-3, Охрид-4, Кавадарци-8, Гостивар-3, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-2, Кичево-1.

Починати се 11 лица, тројца пациенти од Скопје (67, 72 и 67г), еден од Тетово (68г), еден од Гостивар (78г), еден од Крива Паланка (84г), еден пациент од Кочани (41г), еден од Демир Хисар (72г), еден од Македонски Брод (78г) и двајца пациенти од Делчево (80 и 60г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 551 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 85.594, бројката на оздравени пациенти е 66.760, на починати е 2.592, а бројот на активни случаи изнесува 16.242.

Претходна вестПо опомена да стават маски во автобусот, едниот возвратил: „Ќе сечам глави…“
Следна вестКривична пријава за смртни закани и повици за насилство на „Фејсбук“