Починале 16 пациенти, новозаразени со вирусот се 51 лице

Во последните 24 часа во Македонија се направени 4.060 тестирања, а регистрирани се 51 нови случаи на Ковид-19. Од нив по градови се:
Скопје – 28, Тетово – 5, Битола и Виница – по 3, Прилеп, Кочани и Кичево – по 2, Куманово, Велес, Гостивар, Кавадарци, Неготино и Македонска Каменица – по 1.

Пријавени се вкупно 16 починати лица: 7 лица од Скопје (60г,67г,70г,73г,77г,84г и 84г), по 2 лица од Куманово (54г и 72г) и Прилеп (73г и 86г) и по едно лице од Битола (75г), Гостивар (49г), Тетово (64г), Македонска Каменица (71г) и Неготино (79г).

Од пријавените, 5 лица се починати во домашни, а останатите 11 во болнички услови. Починатите лица од домашни услови се од периодот април-мај 2021 година.

Регистрирани се 84 оздравени пациенти од: Скопје – 46, Куманово – 7, Битола – 5, Прилеп, Гостивар и Делчево – по 3, Кичево, Штип, Струмица, Гевгелија, Ресен, Берово и Пехчево – по 2, Тетово, Македонска Каменица и Крива Паланка – по 1.

До сега во земјата се направени вкупно 773.531 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 155.028, бројката на оздравени пациенти е 146.800, на починати е 5.296, а бројот на активни случаи изнесува 2.932.

Претходна вестЛевица: Време е помалите партии во Собранието да престанат да бидат приврзок
Следна вестПривилегираните и оние другите