Починале 18 пациенти од вирусот, новозаразени се 1.168 лица

Во Македонија во последните 24 часа се направени 3.353 тестирања, а регистрирани се 1.168 нови случаи на ковид-19. Од нив во Скопје се 513лица.

Останатите се во овие градови: Куманово-68, Дебар-6, Штип-27, Прилеп-77, Тетово-65, Струга-40, Велес-36, Битола-58, Охрид-25, Кавадарци-29, Гостивар-30, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-5, Радовиш-7, Крушево-3, Кочани-19, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-3, Валандово-6, Виница-5, Делчево-3, Кратово-11, Свети Николе-33, Кичево-42, Ресен-4, Неготино-7.

Починати се 18 лица, пет пациенти од Скопје (61, 69, 67, 77 и 84г), двајца од Куманово (66 и 80г), еден пациент од Штип (54г), еден од Тетово (73г), двајца од Битола (82 и 73г), еден од Охрид (84г), четири пациенти од Гостивар (78, 76, 78 и 66г), еден од Струмица (55г) и еден пациент од Кратово (74г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 692 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 46062, бројката на оздравени пациенти е 26981, на починати е 1281, а бројот на активни случаи изнесува 17800.

Претходна вестРегистрирани 1.168 нови случаи на корона вирус во Македонија, починаа 18 лица
Следна вестЗатворен локал во Гостиварско кој работел после 21 часот