Починале 3 пациенти од вирусот, новозаразени се 11 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Македонија се направени 450 тестирања, а регистрирани се 11 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје – 3, Куманово – 1, Тетово – 1, Гостивар – 1, Гевгелија – 1, Крива Паланка – 1, Берово – 1, Виница – 1, Делчево – 1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 95 оздравени пациент од: Скопје – 44, Штип – 16, Прилеп – 3, Велес – 2, Кавадарци – 4, Гостивар – 2, Гевгелија – 1, Струмица – 2, Кочани – 2, Пробиштип – 1, Македонски Брод – 2, Виница – 3, Свети Николе – 11, Кичево – 1, Неготино – 1.

Починати се 3 лица, пациент од Гостивар (51 години), пациент од Прилеп (65 години) и пациентка од Виница (78 години). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14.341, бројката на оздравени пациенти е 11.157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.581.

Претходна вестТројца повредени во судар на мопед и автомобил
Следна вестВо Скопје има 812 активни случаи од вирусот, во Чаир – 104, Кисела Вода – 101