Починале тројца пациенти од вирусот, новозаразени се 121 лице

Во последните 24 часа во Македонија се направени 1410 тестирања, а регистрирани се 121 нови случаи на ковид-19.

Новозаразените се во следните градови: Скопје-33, Куманово-8, Штип-6, Прилеп-2, Тетово-6, Струга-6, Велес-3, Битола-6, Охрид-11, Кавадарци-4, Гостивар-4, Гевгелија-3, Струмица-3, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-1, Кочани-5, Македонски Брод-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-2 и Кичево-1.

Починати се 3 лица, двајца пациенти од Прилеп (63 и 83г) и еден пациент од Струга (60г). Сите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 142 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 15414, бројката на оздравени пациенти е 12896, на починати е 637, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1881.

Претходна вестСе уште се чека платформа за онлајн настава, ама се ветува дека ќе е лесна за користење
Следна вестНа четири места во Скопје наместо со зборови си „муабетеле“ со тупаници