Почна изградбата на затворениот пливачки базен во Карпош

Веднаш до спортската сала „Наум Наумовски-Борче“, позната како „Партизан“, во Општина Карпош денеска започнаа градежните активности за изградба на затворен базен, проект на Агенцијата за млади спорт. Се работи за базен со големина 33×40 метри и длабочина до 1,4 метри, кој ќе биде поврзан со топла врска со спортската сала, инвестиција што е финансирана од Владата, преку Агенцијата за млади и спорт, со износ од 760 илјади евра.

– Со овој проект, верувам дека повторно ќе ги вратиме насмевката на карпошани и спортскиот ентузијазам на сите негови граѓани. По повеќе од 20 години овој објект, конечно, ќе ја смени лошата слика, која ја имаше во текот на изминативе децении. Сега, со наша поддршка, ќе добие нов лик и ќе биде модерна спортска сала, која ќе обезбеди место за спортување на сите граѓани од Карпош, меѓутоа и на граѓаните од другите општини во Скопје што гравитираат околу Карпош, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Комплетната реконструкција на салата „Партизан“, која е донација од Франција по земјотресот во Скопје во 1963 година, е прикрај и работите треба да завршат некаде до средината на октомври, кога ќе ѝ биде предадена на Општина Карпош.

Претходна вестЖена била тешко повредена при симнување од автобус
Следна вестФранцуските власти наредија повлекување на „Ајфон 12“ поради превисоко зрачење