Почна подготовката за повторно поставување на споменикот на Андон Јанев – Ќосето кај ТЦ Ист Гејт

Подготовка за враќање на споменикот на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето прават градските власти на Скопје. Градоначалничката Данела Арсовска преку градското ЈП „Улици и патишта“ веќе постави и информативна табла од која се гледа дека споменикот ќе биде вратен на кружниот тек кај трговскиот центар Ист Гејт.

Споменикот на Ќосето беше поставен пред зградата на Врховниот суд ноќта меѓу 6 и 7 септември 2014 година, како донација од Здружението за духовно обединување на Сетинци, Попадинци и Крушоради од Лерин, но голем дел од јавноста го гледаше како дел од контроверзниот проект „Скопје 2014“.

Споменикот беше отстранет во февруари 2018 година, на почетокот од мандатот на претходната администрација на скопскиот градоначалник Петре Шилегов со образложение дека се работи за дивоградба.

По доаѓањето на функцијата Арсовска најави враќање на споменикот, а Советот на Скопје на три дена пред Нова 2024 година со 23 гласови „за“, 3 „против“ и 7 „воздржани“ изгласа одлука за враќање.

 

Претходна вестПожарот во Мариово не стивнува, огнената линија на преку 25 километри
Следна вестСДСМ: Со стари лаги ДПМНЕ сака да го оцрни Филипче за да ги покрие многуте скандали на власта