Со настап на бендот Retro vibes синоќа во реонскиот парк започнаа Деновите на општина Ѓорче Петров, кои ќе траат речиси цел месец.
Во сабота жителите ќе уживаат во Кино на отворено на игралиштето „Бранители“ во Волково со почеток од 19.30 часот , а ќе биде прикажан филмот „Те дуа жими мене“ во режија на Марјан Гавриловски.
-Недела е ден за последните подготовки пред учебната година, па затоа подготвивме забава за најмладата публика. Фестивалот за детски песни „Јаболчиња“ како еден од најдобрите во Македонија ќе се погрижи за доброто расположение на дечињата во реонскиот парк со почеток од 13 часот, соопштуваат од општината.
За љубителите на автомобилската историја на корзото во Ѓорче од 14 часот ќе бидат изложени над 60 модели на историски возила, стари над 40 години, а изложбата ќе биде од меѓународен карактер со возила од соседните земји ( Србија, Бугарија, Косово, Хрватска) .
-„Денови на општината Ѓорче Петров“ ќе траат се до 20 Септември, и ги повикуваме сите граѓани на општината Ѓорче Петров и пошироко да бидат дел од богата културно забавна програма која ја подготвивме, се наведува во поканата од домаќините.