Почна реконструкција на пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и Буњаковец

Општина Центар, по барање на граѓаните, почна со изведба на нови и реконструкција на постојни пешачки патеки и тротоари во Ново Маало, Водно и улицата „Никола Тримпаре“ во населбата Буњаковец.

-Општина Центар почна со изведба на пешачки патеки со бекатон-плочки околу Олимпискиот базен затоа што повеќе години овој дел од Центар изгледаше запуштено и неуредено и при поинтензивен дожд пристапите се полнеа со вода, со што движењето на граѓаните беше отежнато. Со бекатон-плочки се поплочува и улицата „Никола Тримпаре“ во населбата Буњаковец, која исто така при пороен дожд го отежнуваше сообраќајот за возилата и пешаците, се наведува во соопштението.

Претходна вестПромоција на „Просто и строго – Конески“ од Антоновски ги обедини генерациите
Следна вестВо крушевско Норово фрлен запален тврд предмет кон училиште, повредено дете