Почна судењето за убиството на ракометарот Тот, обвинетите не чувствуваат вина

Ракометарот Денис Тот починал по тешките удари што ги добил во пределот на главата од тројцата обвинети кои се изјаснија како невини за инцидентот што се случил на 7 април годинава пред ноќен клуб во Градскиот парк. Ова се слушна на денешниот почеток на судењето за убиството на хрватскиот ракометар за кое Јавното обвинителство ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На почетокот на денешното судење јавната обвинителка ги соопшти деталите од обвинението во кое се наведени деталите од физичката пресметка. Во обвинението кое го застапува Тања Трајчевска е наведено дека тројцата обвинети и Тот, излегле од ноќниот клуб во парк за да си одат. Сите тие влегле во такси возило кое стоело пред ноќниот клуб, па по кратка расправија во таксито, обвинетиот Костовски излегол, дошол до Тот кој се уште бил во возилото и започнал да го влече за рака за да го извади од возилото.

-Отакако Тот излегол надвор од возилото настанала расправија. Обвинетата Клементина, излегла од задната лева врата на возилото и најпрво почнала да го турка оштетениот со двете раце по градите. Потоа, од возилото излегува и обвинетиот Анџело кој ја оттргнал обвинетата Клементина од оштетениот и го удрил најпрво со денсата рака со тупаница во пределот на левата страна на главата, а потоа, со тупаница, со левата рака, во пределот на десната страна од главата, се наведува во обвинението.

Натаму обвинителката кажа дека откако Тот паднал на асфлатот му пришол и обвинетиот Андреј кој го удил со нога во пределот на телото. Потоа и обвинетата Клементина, со нога го удрила во пределот на главата, при што обвинетиот Анџело ја оттргнал.

-Но, истата повторно дошла до оштетениот и со десната нога, во два наврати го удрила оштетениот во пределот на главата. Притоа и обвинетиот Андреј, со тупаница, го удрил оштетениот во пределот на главата, по што, обвинетите Анџело и Клементина, влегле во такси возилото со намера да си одат, но обвинетата Клементина, повторно излегла од возилото и повторно го удрила со нога во пределот на градите, кажа обвинителката Трајчевска.

По ваквите удари Тот паднал во кома и бил пренесен во Ургентниот центар.

-Како резултат на нагмечувањата во пределот на главата, како резултат на настанатата траума дошло до пореметување и прекин на активноста на мозочните неурони, кое резултирало со смртен исход, додаде обвинителката.

Обвинетите пред судот рекоа дека го разбираат обвинението. Првообвинетиот рече дека не се чуствува и не признава вина за кривичното дело за кое се товари, исто како што вината ја негираа и Клементина и Андреј. Поради барање на адвокатот на Левковска да се одложи рочиштето, одбраната на сите тројца обвинети не даде воведен збор, а Судот наредното судење го закажа за 14 септември.

Претходна вестМинистри со полиција граница минуваат, ама Отворен Балкан многу ни го фалат
Следна вестККС предлага јавниот сектор да работи од 9 до 15 часот за да се заштеди струја