Почнува акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром од денеска почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември. Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека акцијата ќе започне од населба Мичурин каде што денеска садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, утре, жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до крајот на септември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на страницата на Општината.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДС владата ја претворила во партиски штаб платен со парите на граѓаните
Следна вестХеликоптери на АРМ и МВР помагаат во гасењето на шумскиот пожар кај кочанското село Главовица