Почнува нај ризичната операција во Газа, Израелците ги напаѓаат тунелите на Хамас

Израелските сили сега се насобрани во близина на портите на главната болница во градот Газа, подготвени да упаднат во лавиринтот од тунели за кои велат дека се наоѓаат под медицинскиот центар во кој се сместени борците на Хамас. Нивната цел е да влезат во мрежата на тунели долга 300 милји што се наоѓаат под болницата Ал-Шифа и градот Газа како целина и да ги уништат терористите. Но, тоа не е лесна задача, пишува „Дејли мејли“.

Подземните борби се крајно опасни, особено кога израелските војници се борат со силно вооружените милитанти на Хамас кои го знаат секое скривалиште и имаат пристап до складишта од ракети, гранати и оружје.

Со години, борците на Хамас оперираат во комплексна мрежа на засилени тунели под цивилни згради, од кои некои се 40 метри под земја.

Тоа значи дека израелската војска ќе мора да користи разновидна технологија и оружје, како што се беспилотни летала „убијци“, кучиња за напад и специјални бомби, за да им помогне на своите војници да ги „уништат“ терористите длабоко во тунелите. Првата задача на израелските сили е да лоцираат точно каде се наоѓаат тунелите.

Специјализираните борбени инженери „Дајмонд“ ќе користат радар и сонар за пробивање на земјата за да пронајдат тунели длабоко под земја. Штом инженерите опремени со специјлани уредни за бушење ќе ги најдат влезовите во тунелот, под кои се местата за лансирање ракети и командните центри, тие брзо ќе работат за да го оневозможат или уништат. Израелските сили би можеле да ги искористат бомбите за да ги уништат бункерите, кои продираат во земјата пред да се детонираат, но тоа би се покажало и фатално за цивилите кои бараат засолниште во зградите на површина.

Пред војниците да тргнат напред низ тунелите, ќе испратат беспилотни летала „убијци“ за да ги откријат борците на Хамас. На пример, „ИРИС“ – беспилотно летало дизајнирано од компанијата „Роботим“ со седиште во Тел Авив, може брзо да се движи низ сложена мрежа на тунели и да им обезбеди на војниците слики каде се кријат терористите или што им претстои. Беспилотните летала би можеле да бидат опремени и со оружје, што значи дека би можеле да се движат пред израелските командоси. Израелските сили, исто така, ќе се потпрат на микро тактички копнен робот, кој може да се движи по скали и затворени простори, а истовремено да може да оневозможи експлозивни направи.

Зад роботите и беспилотните летала убијци ќе стојат израелски командоси обучени да се справуваат со клаустрофобични услови, клучна вештина при навигација низ огромната мрежа на тунели. Извори од одбраната велат дека командосите на „Ласица“ имаат тенденција да имаат интровертни личности со способност да држат „психолошка дистанца од ситуацијата“. До нив ќе бидат специјално обучени кучиња од единицата Окец.

Поранешниот висок советник на ОН и еден од најискусните светски преговарачи за заложници, Скот Вокер, изјави:

– Разбирливо е и разумно што ИД се подготвува за вооружени спасувања на заложници – но овие операции се едни од најризичните. Заложниците најверојатно ќе бидат расеани и преместени наоколу и малку е веројатно дека израелските сили би можеле да влезат и да ги ослободат заложниците во еден удар без да претрпат значителни жртви, рече тој. Воените експерти ја споделуваат загриженоста дека израелските сили, и покрај сета нивна технологија, би можеле да претрпат големи загуби ако ја нападнат мрежата на терористички тунели.

Силите на Хамас веројатно ќе дејствуваат како герилски борци, чиј напреден терен и разбирање на тунелите значи дека би можеле да извршат ненадејни напади врз израелските сили и веднаш да се повлечат, заробувајќи ги трупите на ИД.

Претходна вестВо училишните кујни во Карпош не се пронајде салмонела, анализите продолжуваат
Следна вестЗатвор од две години и три месеци за возачот кој усмрти дете на „Пластичарска“