Темно Режим Светло Режим

Почнува ново субвенционирање за велосипеди, а ќе ги фаќаат ли тие што ги крадат точаците?

Градот Скопје утре ќе ги објави јавните повици за доделување субвенции за велосипеди и електрични тротинети во 2020 година.

Новитет оваа година е што граѓаните ќе можат да доставуваат фискални сметки за купен велосипед или електричен тротинет од 1 јануари оваа година. Средствата што Градот Скопје ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход, и 30 проценти од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Повиците ќе биде отворени до 30 ноември или до реализирање на средствата, а ќе се спроведуваат по принципот „прв дојден прв услужен“. Едно лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за купување на еден велосипед, а истото важи и за субвенција за електричен тротинет.

Advertisement

Според податоците на Град Скопје за 2018 и 2019 година, градот доделил вкупно 7255 субвенции за граѓаните што купија велосипед и вкупно 313 субвенции за граѓаните што купиле електричен тротинет.

Убава иницијатива, само уште да се решава и проблемот со масовното крадење на велосипеди низ Скопје…

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

673 лица не носеле маска, изолираните ги почитувале мерките

Следниот Пост

И денеска најмногу новозаразени скопјани со вирусот има во Чаир и Бутел