Бујар Османи: Денешната бројка на заразени е уште повознемирувачка

Денешната бројка на заболени од корона вирусот е уште повознемирувачка, објави пред еден час на Фејсбук вицепремиерот Бујар Османи.

Тој не соопшти за колкава бројка на новозаболени станува збор, но упати апел до граѓаните да ги почитуваат превентивните мерки за заштита.

-Можноста да бидете позитивни или да стапите во контакт со некој кој е позитивен во последните неколку дена е многу голема. Затоа апелирам да се однесувате како да сте позитивни (на корона вирус) и како сите што ги контактирате да се позитивни. Не треба многу да се заштитите: не верувајте во сите теории на заговор, носењето маската го намалува преносот на вирусот за 79 проценти и е предизвикувајте смрт на вашите роднини, потенцира Османи.

Објавата на Османи доаѓа по загрижувачкиот пораст на новозаболените од Ковид – 19 во изминативе неколку дена. Вчера беше соопштено дека бројот на заболените изнесува дури 62 и дека најмногу нови случаи има во скопските општини – Чаир, Сарај, Бутел, Аеродром и Гази Баба. Надлежните најавија преземање на одредени рестриктивни мерки за овие подрачја доколку бројот на заболените продолжи да расте и во наредниот период.

Претходна вестШто ќе кажат во завршните зборови во судот Боки – 13 и Катица Јанева?
Следна вестОд утре не важи бесплатниот автобуски превоз за пензионери