Нови 186 лица во изолација, казни за 585 граѓани за неносење маски

Во изминатово деноноќие регистрирани се прекршоци од страна на 585 граѓани кои не носеле лична заштита на лице, соопшти денеска МВР.

Казна за вакво вид прекршок – неносење на заштитна маска во затворени простории и на отворен простор каде не е можно запазување на дистанца од два метра – изнесува 20 евра во денарска противвредност.

-На 186 лица им се издадени решенија за изолација, а 52 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, наведува МВР. 

Претходна вестДиректорка на УЈП Лукаревска позитивна, а се повеќе функционери во изолација заради вирусот
Следна вестГореше синоќа „Ауди А8“ во Скопје